Tražite iskrene recenzije o A88LAB. ? Saznajte stvarne plaće i uvjete rada u A88LAB. . Pročitajte iskustva i recenzije zaposlenika o radu u kompaniji.
Dobre stvari: - Можност за запознавање со динамичниот свет на SaaS и tech startup секторот - Можност за работа со клиенти од различни индустрии (ако си lucky да ти бидат доделени такви проекти) - Ќе запознаеш квалитетни и професионални колеги во тимот (ако си lucky да соработуваш со нив пред да си заминат)
Loše stvari: - Процеси и feedback: Комуникацијата со менаџментот е често еднострана. Проектите подлежат на преглед од страна на сопственикот, но конструктивен фидбек нема или доцни со денови. Одговорноста за непочитување на роковите се префрла кај вработените, иако доцнењето е резултат на менаџерската неодлучност - Автономија vs. контрола: Се бара проактивност и преземање иницијатива, а во пракса 0 доверба. Предложени решенија често се отфрлаат без јасно образложение, што ја убива мотивацијата и креативноста кај тимот - Променливи очекувања: Постои голема недоследност во насоките. Договорените стратегии и одлуки често се менуваат, што доведува до конфузија околу одговорностите и задачите - Оперативни пречки: Наместо поддршка, внатрешните процеси (Асана) се поставени на начин што генерира непотребен микроменаџмент и ја отежнува секојдневната работа - Култура на работното место: Генерално недостасува препознавање на трудот и професионална благодарност за сработеното. Фокусот е повеќе на формата (вокабулар, технички детали), отколку на суштината и квалитетот на содржинатаSaveti menadžmentu Наместо постојано барање пропусти кај тимот, вистинскиот напредок доаѓа преку самоанализа на лидерските процеси. Фактот што тимот се намали за скоро 60% во рок од само еден месец е индикатор дека проблемот не е во индивидуалните грешки, туку во системскиот пристап. Зад секое 'зошто' постои причина која вреди да се истражи за доброто на компанијата. Народски кажано, менаџментот треба да си го стави прстот на глава, наместо упорно да го вперува во другите. :)
Dobre stvari: Сè уште размислувам за ова (веројатно ако се стремите да бидете романописец, тоа е добро место за истражување на ликовите)
Loše stvari: - Ко-основачите речиси постојано се расправаат, секојдневно менуваат насоки, не можат да се договорат за ништо - Тим-лидот мисли дека тим се гради со пуканки и евтини чоколади - Не очекувајте релевантен фидбек за вашите дизајни бидејќи сите тие немаат работно искуство во дизајн или content, но се доволно самоуверени да водат таква агенција - Ветувањата што ги даваат кога ќе те вработат (особено платата), забораваат на нив, на твојот 3-месечен review, кој ќе треба сам да го закажеш - Доказ: Turn-over на вработени- 3 си заминаа пред да дојдам, 3 кога бев таму и 3 откако отидов (вклучувајќи ме и мене), а зборуваме за компанија од 1-10 вработени.Saveti menadžmentu Grow-up! Динамичната култура на старт-ап која тие ја обвинуваат за сè не е виновна за ситуацијата, туку нивниот недостаток на експертиза во дизајнот и content, недостатокот на комуникација и соодветна организација (менаџмент не е задачи на Асана).