Интервјуто беше со прашања кои според мене беа тотално непотребни, од типот на: - Како ќе му објасниш жолта боја на слеп човек? - Имаш ли браќа и сестри? -Имаш ли дечко/девојка? Каков е неговиот/нејзиниот став доколку ти се вработиш во оваа фирма? Дали живеете заедно? Сметам дека самото вработување нема никаква поврзаност со други личности освен со тој што аплицирал и сака да се вработи во фирмата. Процесот на интервјуирање може да биде по соодветно направен за и тој што го интервјуираат да се осеќа по комфорно за одговарање. П.С. Опцијата дека не сакаш да дадеш одговор на тие (според мене) лични прашања не се прифаќа, односно одма си одбиен (информација добиена од колеги) Воедно се случуваше и некои од колегите да бидат оставани со саати да чекаат на веќе закажано интервју , само за да им го тестираат трпението, што исто така сметам дека не е во ред. Секој од нас си има обврски и сите многу добро ја знаеме причината зошто и како одиме на тие интервјуа(поради потреба за работа).
/////