Луѓето со кои соработував беа океј, а и останатите кои ѓи имав запознаено меѓутоа немав можност за соработка. Developers и qa стварно се трудеа со тоа што го имаа во моментот. (Постигнување рокови и слично)
Имаше општа незадоволна атмосфера од повеќето вработени поради различни причини. Дел беа веќе спомнати од друѓи. Некои од вработените пренесуваа информации на менаџментот и мислам дека повеќето го знаеа тоа. Имаше поделба на групи од страна на менаџментот. Се работеше надвор од работно време за да се стигнат рокови и тоа не беше компензирано. Немаше daily и weekly meetings. Знаеше да има состаноци кои знаеа да траат долго, еден конкретно траеше 5 саати.
Имање техничко интервју. Подобро менаџирање проекти. Повисоки плати. Немање поделби. Најважно според мене е подобрување на организацијата на проектите. Имање daily и weekly meetings за да знаат сите вклучени во проектот кој до каде е.