Имав прилично лошо искуство на интервјуто. Можеби една третина од времето помина во потценувачки изјави за академиите и лицата кои ги посетуваат академиите.
Интервјуто беше едно, и требаше да биде и за лично запознавање и техничко, но немаше никаков технички дел освен краток разговор околу технологиите кои ги познавам, претпоставувам самите извадиле заклучоци базирани на фактот дека тогаш бев почетник без работно искуство. Исто така ми беше речено дека тие не се како некои фирми кои ти даваат задача и еден-два часа да ја решиш, туку им било важно каков човек сум бил, што искрено малку ми беше смешно.