Се работи за рекрутерска фирма која функционира на прицнип на експлоатација. Нивната замисла е да обучат кандидати со пракса која вклучува работа на реални проекти и евентуално, кога они ќе проценат дека кандидатите се спремни, да ги вработат истите во друга фирма. Оваа замисла е убава и добронамерна се додека не се открива дека Codedesk очекува од тебе да платиш од 80, па се до 800 евра секој месец, додека ти работиш на реалните проекти кои они ти ги даваат. Не е определено колку време ти ќе работиш за нив (а притоа плаќајки им на НИВ за таа работа што ТИ ја правиш). Оваа информација, дека очекуваат да платиш за да работиш кај нив, не ја откриваат до самиот крај. Пред воопшто тоа има типично убедување од страна на интервјуерот дека никој нема да те вработи ако немаш работно искуство, притоа манипулирајќи те дека единствено нешто што ти преостанува е да си платиш за да работиш, па понатаму ќе си дојде наградата. Не си ја губете енергијата и времето на оваа замка.
За UX/UI Designer-и нема технички прашања, а за програмери има едно техничко прашање кое се одговаа писмено.