Голем број од вработените се пријателски настроени, има пријатна office атмосфера, муабети и дружби, иако повеќето работат од дома. Со оглед на тоа што има повеќе различни тимови во Скопје - од QA/Engineering/ Data до Support, сите се тука за да помогнат ако треба нешто во коешто својот тим не е упатен, со тоа што и својата работа се олеснува, и плус спознаваш новости за производот/менаџментот или за одредени тикети, коишто може и да ти се во прилог за некоја наредна работна обврска.
Би било многу поинтересно ако има повеќе настани на ниво на компанија. Со оглед на тоа што доста луѓе се вработени во Covid и повеќето работат од дома, некои и не се познаваат иако имаат по 1-2 год работно искуство. Било тоа да е некоја собиранка во компаниските простории, или надвор, како и спротски активности - маратони, качување на Водно, билијард, пинг понг и слично, сето би помогнало да се крене компанискиот дух и дружељубивоста надвор од дома, којашто да бидеме реални, ни ја снема последните 2год.
Менаџментот во Скопје си ја врши работата како што треба и колку што е лимитот даден од страна на HQ. Секако дека има разлика од Лондон до Скопје и не може да бидат сегде исто, па така и се наоѓа по некоја маана. Мој совет е некогаш да се следат и останатите IT фирми во Скопје, особено во врска со плата/покачувања, office spirit, настани, и да се проследи тоа до понадлежните луѓе со цел да се претстави како би требало да наликува една компанија каде што работат млади, дружељубиви и амбициозни луѓе.