Tražite iskrene recenzije o ENDAVA NORTH MACEDONIA? Saznajte stvarne plaće i uvjete rada u ENDAVA NORTH MACEDONIA. Pročitajte iskustva i recenzije zaposlenika o radu u kompaniji.
Dobre stvari: Компанија во која се цени работната етика, компаниската култура се негува и постојано развива и акцент се става на меѓучовечките односи, тимската работа и кохезијата.
Loše stvari: Remote работата во последно време го отежна одржувањето и шиењето на компаниската култура.Saveti menadžmentu Да се обрне повеќе внимание на континуиран контакт со вработените и да се воведат редовни анкети меѓу вработените за собирање информации за јавното мислење (мислењето на сите вработени) и резултатите од истите да се објавуваат и да се преземат мерки за континуирано подобрување.
Loše stvari: HR Intervju Дадено ти е сценарио, кое потоа според тоа и тебе треба да одговориш на повеќе прашања. Сценариото е некаква ситуација за работење во тим, и како би се справил/а во тоа. Двајца се на повикот, и наизменично поставуваат прашања. Пример: како би се справиле со колега кој не сака да соработува со тебе или други. Како би се справиле со недостапен менаџер во итна ситуација, или пак несигурни клиентиTehnički intervju Прашањата беа доста детални, сите околу техничките алати што си ги излистал/а на CV. Тројца се на повикот и прашуваат прашања. Пример концепти на објектно ориентирано програмирање, sql изрази, локатори, јава изрази..
Loše stvari: HR Intervju Корисникот нема споделено искуство за интервју со HR.Tehnički intervju По одбирањето на кандидати преку тест со 40 прашања, техничкото интервју го водеа две регрутерки. Едната беше океј, но другата многу се налути и бурно реагираше кога не знаев да и одоговорам прашање за SQL и датабази, а при тоа аплицирав за пракса за Тестер. Регрутерката видно се налути и додаде коментар од типот „ти планираш да си тестер, а не го знаеш ова“, што според мене стварно не беше толку битно бидејќи да напоменам, аплицирав за пракса, а пред тоа имав одредено искуство за тестирање.
Dobre stvari: Корисникот нема наведено добри страни на културата и тимот.
Loše stvari: Исто лошо е што постојано новите вработени, добиваат поголеми плати во однос на старите вработени со исто искуство. Не се грижат за развојот на вработениот, нема редовни разговори со вработените, а го промовираат тоа.Saveti menadžmentu Треба да се обрне внимание на сите вработени дали се тие задоволни од работата, проектите, тимот... Со редовни разговори 1 на 1, кои треба да бидат барем еднаш во месецот, тоа лесно би се решило.