Корисникот нема споделено искуство за интервју со HR.
По одбирањето на кандидати преку тест со 40 прашања, техничкото интервју го водеа две регрутерки. Едната беше океј, но другата многу се налути и бурно реагираше кога не знаев да и одоговорам прашање за SQL и датабази, а при тоа аплицирав за пракса за Тестер. Регрутерката видно се налути и додаде коментар од типот „ти планираш да си тестер, а не го знаеш ова“, што според мене стварно не беше толку битно бидејќи да напоменам, аплицирав за пракса, а пред тоа имав одредено искуство за тестирање.