Немав HR интервју.
Добив покана од професор на ФИНКИ на кого е фирмата да дојдам да работам таму откако сум се докажал на проект по предмет кој го предава истиот професор. Интервјуто беше кратко и повеќе наликуваше на неформален разговор отколку формално интервју. Бев прашан дали сум запознаен со одредени технологии или теориски концепти кои би ми требале во текот на работата. Со некоо работи бев запознаен, за други работи кажав дека брзо ќе се снајдам да ги научам. Не добив скоро никакви конкретни технички прашања со кои би го тестирале моето знаење. На крајот од интервјуто бев прашан од кога би можел да почнам