HR интервјуто беше стандардно и прилично straight forward како и секое HR интервју. Немам никаква замерка за тоа.
Техничкото интервју беше прелошо бидејќи техничкото лице кое го правеше интервјуто се мислеше дека е којзнае што и ми поставуваше скрос небитни прашања во врска со работната позиција колку да се покаже кој е кој. И покрај тие небитни прашања на коишто доста од нив го знаев одговорот, не успеав да го поминам интервјуто и сум благодарен за тоа, бидејќи не би сакал да работам со некој како тој што ми го правеше интервјуто, и немаше да ја прифатам понудата се разбира.