Тимската работа е во ред и луѓето меѓусебно си помагаат.
Многу токсична култура со премногу драми. Секој ден на работа беше како епизода од шпанска сапуница. Поради лични врски меѓу вработените има многу големa фаворизација и непрофесионализам. Компанијата беше неколку месеци без вработен HR и генерално нема многу грижа за вработените и нивното мислење. Има нефер третман со тоа што на одредени луѓе им е дозволено да работат од дома, а за други е задолжително работа од канцеларија.
Да се грижи повеќе за вработените и да ги слуша нивните поплаки. Да се намали со непотизмот и да има еднаков третман, без да се прават исклучоци каде едни правила важат за едни личности, а за други не.