Човечки ресурси беше вклучена на првото интервју, имаше некои основни прашања за какви ми се интересите и плановите и ми ја претстави работната атмосфера.
На истото прво интервју беа вклучени и двајца инженери, имаа прашања поврзани со моето работно и универзитетско искуство, и на крај оставија 2-3 алгоритамски задачки за да ги раскажам усно како би ги решила. Последната беше позезната и ми ја пратија за дополнително да им ја решам. Во секој случај, тука го прекинав интервју процесот затоа што не се пронајдов во проектите и во работната атмосфера на компанијата (премногу home office). Во секој случај, прашањата и задачите беа на место. Задачите ги доживеав не како проверка како кандидатот размислува на глас и дали размислува логички/е спремен да решава проблеми.