Работев во фирма со голема традиција, искуство и посветеност кон компаниски цели. Со високи стандарди и повисоки правила за имплементација и спроведување на истите. На почеток, водена од странски менаџерски тим. Уште од почеток, за секој препознаен посветен кадар, се организираа обуки за нивна надградба и усовршување. Голема грижа кон "клучните луѓе"
Откако дојде време кога постепено сите менаџерски позиции преминаа во рацете на нашите кадри, се истакна нивната недораснати за менаџирање во интернационална компанија. Ги откажаа сите обуки и курсеви на ниво на корпорација, како непотребни. Водечка девиза им беше "ако не Ви се допаѓа, слободно одете си" Изгубија многу високо мотивирани и посветени кадри обучени и со визија.
Менаџерската позиција има голема одговорност и побарувања, но успесите се остваруваат со успешно и правилно организирани и мотивирани кадри. Ниту со најсовремената опрема неможе да се остварат високи резултати, без високо обучен, посветен и мотивиран кадар