Бев контактиран преку LinkedIn, па следеше првото интервју кое што беше супер, неформален разговор со вработена од HR. Траеше околу 15тина минути.
На второто (техничко) интервју присутни беа една вработена од HR и една вработена од соодветната позиција за која што аплицирам. Интервјуто како интервју беше добро, со тоа што очекував потехнички прашања, разговарање за технологии и слично, но одлучија да одиме по моето испратено CV, односно одевме дел по дел каде сум работел, што сум работел, на какви работи сум се задрржал, што ми било интересно, проблеми со кои сум се сретнувал, итн. Генерално задоволен од интервјуто, неформален разговор, коректни, опуштени, позитивни. Она што дефинитивно не ми се допадна е долгото време за било каков одговор од нивна страна, односно незапазување на рокот за кое што претходно кажале дека ќе добијам одговор. Во превод, на техничкото интервју ми рекоа дека во рок од две недели најкасно ќе добијам одговор, но одговор добив после еден месец (или 5 недели), со темплејт меил за тоа дека биле задоволни, но ќе продолжат со други кандидати. Overall оценка: 3/5 поради времето на чекање.