Колегијалност на добро ниво.
Корисникот нема наведено не толку добри работи за културата и тимот.
Ова се однесува на менаџирањето од странскиот сопственичко-менаџерски тим. Не е добар. Немаат основно познавање на меѓучовечки односи, начини на мотивирање, организирање тимови и процеси. Недостасува елементарно вреднување на инжињерскиот тим како на некој кој најмногу допринесува за успехот на компанијата. Секој член се третира како да е заменлив во секој момент. Многу членови си заминаа од команијата за кои главната причина е лошиот третман и невреднувањето од страна на менаџментот (странскиот, сопственички). Во таква средина, небитно е дали има грицки во канцеларија, колку тим билдинг сеанси се прават и кој со кого се дружи.