Треба да се претставиш себе си и зборите околу проекти што ги имаш правено, тимска работа, хобиња.
Повторно кратко се претставуваш и зборуваш околу проектите. Потоа прашуваат теориски само за ООП концепти, а практично бараат да се дополни ER дијаграм, неколку SQL задачи и една или повеќе од алгоритми и податочни структури, кај секого различно. На интервјуто одговорив точно на секое прашање, многу добар студент сум со повеќе проекти и сепак не добив понуда. Примаат на принцип мешавина од прв дојден прв услужен(според датум на техничко интервју) и дали си женско или не, односно според понудите на колешки интервјуирани после мене само ги потврдија гласините дека примаат полесно женски. Во меѓувреме ако ги прашаш кога би имало резултати лажат дека требало да се завршат интервјуата на сите апликанти. На крај праќаат мејл дека демек си бил меѓу најдобрите кандидати ама решиле други да примат.