Имав прилика да работам на интересен проект со понови технологии.
Многу вработени добија работни позиции за кои се некомпетентни па поради тоа честопати работната околина беше токсична. Поради неспособниот менаџмент (сопствениците) дојде до откажување на 1-2 проекти. Поради тоа што менаџментот не предвидел дека некој клиент може да откаже соработка или пак да ја намали, летото беа отпуштени 15 вработени (околу 30% од компанијата). Дел од отпуштените работници беа отпуштени додека беа на годишен одмор. Од исти причини овој месец дојде до отпуштање на уште 15 вработни. Компанијата е тотално нестабилна и прашање на време е кога целосно ќе се затвори.
Да не започнуваат компанија доколку немаат менаџерски вештини.