Немам позитивни одговори, освен што колегите кои соработуваме секој ден се комуникативни.
Немам зборови колку е лоша оваа компанија. Праксата трае 6 месеци по 8 часа дневно на нивни реални проекти и е симболично платена (6000 ден). После праксата платата малце се зголемува, нормално во границите на минимумот во нашава држава. Нема покачувања, нема бонуси. Менаџментот воопшто не се грижи за вработените, единствено со цинични изрази.
Добро би било да обрнете внимание за условите на работа. Да им дадете елан на вработените, некој бонус, награда.