Recenzije zaposlenih

Planirate li se zaposliti u Personal Programmer? Pročitajte ovu recenziju, možda će vam biti korisna person

Personal Programmer

Grad: Skopje
19.03.2024

HR Intervju

CEO-то на Personal Programmer ме исконтактира по емаил. На кратко закажавме да се сретнам со CEO-то на нивниот клиент од Холандија во Скопје - Propeller. На средбата CEO-то после краток разговор ми рече дека сум вработен. Тоа ме збуни и прашав „што понатаму?“ Одговорот беше да се сретнам со колегите. Се слушнав со HR и закажавме состанок, пак прашав која е целта на состанокот и ми беше речено „да се запознаеме“. Состанокот испадна 1+ час техничко интервју. Едниот „колега“ беше од Холандија и беше пријатен, да не речам нормален, додека другиот „колега“ од Македонија изгледаше не како да му потонал бродот, туку целата флота. Еднаш не се насмеа и ми даваше коментари како тоа мојот кариерен развој бил „нетипичен“. Смешно беше што неговиот CEO на средбата во Скопје ми потенцираше дека хумор им е една од најважните работи во фирма. Изгледа го утнал тој состанок. Работата беше микросервиси и слични методи на „клати врата зимај плата“. На крајот од разговорот ги прашав - Што е следно? Збунети малце се замислија и ми беше кажано - Ќе си поприкажеме, па ќе бидеш известен.

Tehnički intervju

После два-три дена дојде петок попладне и добив емаил во кој се бара во рок од еден ден да направам цел проект. Проектот е Gist на Github закачен од „колегата“ со потонатата флота. Проектот на кратко: This task should take you no more than a full work day to complete (please try to keep it within this time frame) Please divide your time as it seems fit and try to submit the assignment in 3-4 days max. The assignment is divided into three parts: 1. build a GraphQL api for serving `products` 2. build a GraphQL api for serving `images` 3. connect the two APIs together using GraphQL federation or schema stitching Minimal Requirements: - Implement majority of the required queries and mutations - Use GraphQL federation (Apollo federation v2) or schema stitching - Provide a minimal local working example - At least some minimal filtering options on the queries Bonus Points: - Implement all the required queries and mutations () - Use TypeScript - Use NestJS - Use GraphQL federation (Apollo federation v2) - Use TypeORM with MySQL (provide DB schemas, migrations, and seeders) - Advanced/multiple filtering options on the queries - Create a full Dockerfile and docker-compose.yml for running the APIs and DB locally - Implement a CI/CD pipeline for test, build, and deployment of the APIs (Gitlab, Github Actions, etc.) - Deploy the APIs to a cloud provider of your choice (non-mandatory, example setup is fine as well) Above and Beyond: - Write unit tests - Implement extra items that you think are important for a production-ready API - Create a simple frontend showcasing the new API usage Интересен петок. Викендот требаше да патувам и се слушнав со HR да се објаснам дека ова е две недели работа не еден ден. Девојката беше фина, но се обаќаше кон проблемот со „задачката“, што е сосема разбирливо бидејќи не е техничко лице и нејзе и е речено дека е 15 минути работа. Наредниот вторник (веројатно времето кога сум требал да го завршам проектов) повторно ми се јави HR, да видат до кај сум. Реков дека не сум ни почнал. Ми беше речено да побрзам бидејќи на клиентот му се брза. По природа сум екстремно љубопитен, па решив да го истражам проблемот. Истражувањето се претвори во делумна имплементација. Потрошив точно 3 дена по што си реков доста е, бидејќи нели, проблемот е обемен и нема крај, а и всушност целата интеракција ме водеше на тоа дека „колегата“ со флотата сака да ме откачи и џабе ќе се замарам. Направив една makrdown табела со статус на имплементација од проектот, што, зошто, каде и како. Го качив на Github и им пратив линк. Нормално после тоа ги снема и дури после 10 дена ми се јави девојката од HR на која и беше крајно непријатно да ме откачи. Се на се, еден од најаматерските процеси за вработување. Не дека е некое правило, сепак можни се исклучоци, но јас не би трошел време повторно со дечкиве.

Podeli svoje iskustvo