Нудат можности за девелопери без искуство.
Многу лоша фирма. Откази фрчат секој ден. Одиш на работа и буквално не знаеш дали ќе преживееш или не. Ако не добиеш ти отказ, колегата до тебе добива отказ или пак тој до него. Така да, не знаеш кога ќе ти дојде и тебе редот. Плата касни секој месец. Од неколку дена до неколку недели. Ама, за тоа, постојано се организираат team-building активности, се сликаат за на facebook. Ама плата - нема. По изгубени луѓе од HR немам видено. Буквално една работа не можат да ти завршат како што треба. Што и да им побараш, сметај дека нешто ќе ти згрешат. Не дека се злонамерни и дека го прават тоа намерно, едноставно толку им е капацитетот. Јас не знам оваа фирма што работи - кој и да го прашаш сите се на banch и чекаат проект. Фирмава, наместо да се труди да обезбеди сигурна работа и сигурни клиенти што ќе овозможат да има доста работа за сите вработени кои ќе можат да си го планираат животот, тие само ветуваат брда и долини, а од друга страна, откази фрчат секој ден.
Помалку да се сликаат за на facebook а повеќе да се растрчаат да најдат работа, пошто, не одиме на работа за да се сликаме за на fb, туку за да работиме и да земеме плата.