Recenzije zaposlenih

Planirate li se zaposliti u Scalefocus? Pročitajte ovu recenziju, možda će vam biti korisna person

Scalefocus

Grad: Skopje
13.12.2024

HR Intervju

Стандардните 5-6 HR прашања. Ништо посебно.

Tehnički intervju

Во старт се осеќаше негативна вибрација од нивна страна, како да одлучиле веќе дека нема да влезеш. Цело интервју беше како да пробуваат да те зезнат, им раскажуваш за проект, они ќе те потпрашаат нешто најопшто, со нивно очекување да одговориш нешто многу конкретно, иако прашањето не е директно поврзано со одговорот. Откако ќе те насочат ќе искочи дека знаеш, ама они веќе се смешкаат со подбивање. Многу често ме прекинуваа, особено се изнервирав кога комплексен проект на кој сум работела ме исекоа во збор за да прашаат они како што сфатиле, им одговорив дека не е тоа проектот, и не ме оставија да им го дообјаснам па продолжија со други прашања. Исто така ми нафрлија дека нема сите проекти да се интересни и дека најверојатно нема data science само да работам, ама да не се секирам, во склоп на дата ќе било, немало Андроид да ми дадат (тука хистерично се изнасмеаа). Искрено чувството беше како воопшто и да не бараат човек на позицијава туку како да пополнуваат време со интервјуа. Огласот им стои со месеци, милион апликанти има и не нашле никој. Ова е секако моја претпоставка, но внимателно со дечкиве.

Podeli svoje iskustvo