Интервјуто со HR траеше доста кратко, но имав пријатно искуство. Се ми беше прецизно кажано и бев поттикната да поставам прашања, кои ми беа соодветно објаснети.
Имаше две технички интервјуа. Првото беше составено од три задачи поврзани со QA за кои требаше доста посветување, истражување и работа. Сепак, задачите беа интересни и имав повеќе од доволно време да ги завршам и проверам. Го поминав првото техничко интервју, по кое следеше интервјуто со HR. Последен чекор беше второто техничко интервју, за кое имав 24 часа да го завршам. Сепак, второто интервју беше доста покомплицирано. Освен критичко размислување и запазување, бараше и технички познавања, спецификации и искуство со Magento 2, PWA и други програми за E-commerce кои се користат во компанијата. Не го поминав интервјуто, иако дадов се од себе. Според мене, второто техничко интервју не беше соодветно за позицијата Junior QA Trainee, но имам целокупен позитивен впечаток за компанијата.