Првичното HR интервју помина успешно и беше пријатно. Добив детално објаснување за работите што предстојат, како и очекувањата што ги имаат за практикантите ( јасно им било дека немаме искуство и не бараат многу ). Потоа, ме контактираа повторно и ми предложија формално интервју со CEO за подетално запознавање Сепак второто интервју за разлика од првото беше многу лошо. Интервјуто повторно беше со HR личност и се одвиваше во непрофесионален амбиент, конкретно во кујната на компанијата, каде што вработените јадеа и цело време некој влегуваше. Личноста од HR ми поставуваше некултурни и непотребни прашања, вклучувајќи приватни и лични работи за мене. Следното интервју што не може да се нарече дека беше техничко, траеше само 10 минути и бев изненадена кога ми беа зададени само неколку прашања за моето искуство. Никаков тест за да го тестираат моето знаење. На крајот, бев известена дека не сум избрана поради тоа што одбрале практиканти со искуство. Со ова ми беше јасно за каква компанија се работи.
User hasn't shared Technical interview experience.