Recenzije zaposlenih

Planirate li se zaposliti u Semos Cloud? Pročitajte ovu recenziju, možda će vam biti korisna person

Semos Cloud

Grad: Skopje
26.03.2024

HR Intervju

Прво добив покана од HR за introductory разговор. Овие разговори под дефиниција значат фирмата која ме побарала да опише зошто нивната позиција е толку добра за јас да се заинтересирам да ја напуштам моменталната позиција, па понатаму да зборувамеза моите искуства. Тоа на регрутерот не му беше баш јасно. Пробував да поставам прашања за фирмата која сака да ме вработи, на сите прашања ме пресече со: „после ќе зборуваме за тоа“, или „на крај ќе го збориме, прво имам прашања за тебе“. Прашањата не беа толку за моите досегашни искуства, туку буцкачки и нападни со цел да се обиде да дознае внатрешни информации за компанијата во која моментално работам. Буквално не можев да се докажам во тек на целото интервју, ме прекинуваше со уште понесоодветни прашања поврзани со внатрешен менаџмент, податоци со кои располагаме, буквално се' освен тоа што треба да праша. Откако видно изнервирана на едно прашање одговорив дека не можам да одговорам, добив: „хахаха професионална деформација ми е тоа“. Кога некако догуравме до крајот на интервјуто за да ми ги каже бенефициите на фирмата, ја искористи приликата да истури омраза за компанијата во која работам и да издигне една фирма на сметка на друга. Искрено повеќе личеше на обид да испровоцира вработен да каже нешто лошо за фирмата во која работи отколку интервју или introductory разговор. Жал ми е што позицијата навистина звучеше убаво и ќе размислев за да продолжам со процесот доколку не ме изнервираше волку рекрутерот. Навистина не секој е за оваа позиција.

Tehnički intervju

Откажав пред да дојде до овој дел.

Podeli svoje iskustvo