Девојката е фина, но се гледа дека не може да излезе на крај со другите вработени. Ми презакажаа 3 пати и ме маткаа повеќе од месец. Всушност два пати „ме процесираа“ во нивниот дебилен процес. Еднаш во 2022 и еднаш после 10 месеци. Немаат ентузијазам нит за кандидатот нит за програмирање во глобала. Те ставаат во машина за мелење месо и после си целосно небитен. Веројатно сакаат луѓе што знаат само една работа и било каква отстапка и трошка креативност се смета за непожелна особина.
Треба да искодираш функционалност што „шета“ по текст кој претставува еден вид на мапа. Има одредени правила кои карактери што прават и на крај треба да дадеш резултат од „собраните“ карактери. Треба и тестови. Бидејќи проблемот е доста интересен мислам дека забегав скроз и им направив cross platform бинарки (Linux, MacOS, Windows) што го содржеа цел Jest runtime. Бинарките беа интерактивни, како одлскул терминал игрица и можеше да си бираш опции. После ова требаше да има разговор за решението. Оцениле дека моето решение не заслужува разговор и одма ме одбија иако нели се работеше како што треба. Претпоставувам бидејќи моето функционално решение го прегледувал некој издепресиран Java OOP програмер, шпекулација да, но според профилот на луѓе таму, веројатно точна. Вториот пат: Можеш да бираш, истото од првиот пат или да програмираш со уста, додека рацете ќе бидат некој друг програмер. Крајно идиотски. Се прашувам како би изгледало во филхармонија да прават интервју на пијанисти преку Zoom во стил „Ајде сега кажувај му на нашиот колега како да го свири Bach - Concerto in A minor BWV 1065“. „Уф брат па ајде сега D. А сега пак D. Чек малце пауза. Сега F“ - Какофонија - не збориш доволно брзо брат. Требаше да направиме React форма. И ја направивме. 100% генерична реакт форма. Девојката што го водеше интервјуто ме праша за react-query и тука се зезнав бидејќи кажав дека сум го тргнал пакетов од два проекти зошто правеше проблеми, а она очигледно е најголемиот fanboy на react-query. Објаснив убаво кои беа проблемите и дека тоа било пред 3 години. Пакетот вкупно постои 3 години. Објаснив дека сум искодирал решение што го прави истото, но дека во меѓувреме можеби го средиле. Една од причините за кои не ме примија беше токму ова. Фразата употребена во емаил-от беше „Has been known to use hacky solutions“. Самата фраза која е употребена „hacky“ кажува на нивото на искуство што оваа девојка го поседува. Сум испрограмирал нешто во предходна работа кога npm пакетов бил нов и тоа во нејзините очи е лошо. Ептен аматерски. На последното интервју сите беа запознаени со мојот прв обид. Со наивен ентузијазам прашав „Дали го видовте предходното решение?“. Добив ладен одговор дека не. Нит биографијата ми ја прочитале. Тешка депресија. Не покажаа ни трошка ентузијазам кон мене како кандидат. Културата ни е многу важна - културата на незаинтересираност. Само ми го трошеа времето.