Има толку многу лоши страни, што на добри не ми ни текнува.
Те вработуваат за една позиција, како што си одат луѓе (или сами си напуштаат поради нарушено ментално здравје, или ги отпуштаат поради намален revenue) ти ја превземаш и нивната работа, меѓутоа не можеш да кажеш ништо зошто сите во договор го имаме она со ситни букви кај job description дека буквално се е твоја работа. Ако на твојот претпоставен му текне дека денеска си одговорен за косење на трева кај комшијата во двор, и тоа е твоја работа. Луѓе си одат, тие што остануваат се на раб на нервен слом. Сите менаџери се опседнати со работа, кој знае дали и воопшто имаат и живот надвор од работата и тоа го пренесуваат на членовите од тимот. Секој фидбек дека обемот на работа е преголем и не се постигнува е адресиран само со зборови, после некој ден си продолжува по старо. Треба да работиш 48 саати во 2 саати за да имаш време да постигнеш се, згора на тоа, ако нешто не постигнеш, треба и да си запишеш за да објасниш зошто не си постигнал, те чекаат 100 таска-ти губиш време на водење евиденција од типот не постигнав поради тоа и тоа. Обемот на работа е нереален, цели тимови си одат, не најмуваат луѓе под изговор дека нивните позиции не се потребни веќе. Не се потребни, има луѓе кои ќе ја превземат работата беспари. На интервју ти кажуваат евалуација на секои 6 месеци, можеш и 2 години да си во фирма и да не добиеш покачување и промоција. Се бараат изговори и се нафрлаат фидбеци што не држат вода, само за да не се потрошат на покачување плати. Сите вие што мислите дека е прекрасна компанија зошто пиеме кафе од брендирани хартиени чашки и имаме реклама што се гледа од плоштад-бегајте подалеку! Не е злато се што сјаје, на социјални медиуми не се постираат изнемоштените од работа вработени и тоа како се мачат да постигнат се што ќе им се фрли пред нив, за на крај пак да не бидат доволно добри.
Немам совет до менаџментот, менаџментот е тој што го enforce all of this. Ако продолжат вака, сите вработени ќе си отидат. Crucial people си заминуваат, нив око не им трепнува, така да, совети не се воопшто важни.