Recenzije zaposlenih

Planirate li se zaposliti u Taskforce? Pročitajte ovu recenziju, možda će vam biti korisna person

Taskforce

Grad: Bitola
17.05.2024

HR Intervju

Една од подобрите компании во Битола, има referral програма, ако те препорачаат сигурно ќе те повикаат на интервју па зависи како ќе се покажиш. Интервјуто е на англиски, те запознаваат со фирмата, и ќе треба да се претставиш (образование, искуство, што знаеш за фирмата..) целта им е да видат колку добро владееш англиски.

Tehnički intervju

Не е типично техничко интервју. Интервјуто е со менаџер на оддел и тим лидер, зависно од клиент може и да е и со клиентот од Америка (поретко). Ти објаснуваат која смена се работи, што се бара за конкретната позиција и во што се состои позицијата. Прашуваат дали можеш да зборуваш на телефон (повеќете позиции во помал или поголем опсег тоа го бараат) и како би изреагирал ако некој на телефон грубо ти изреагира. На крај даваат ливче со кратки прашања чисто да видат како размислуваш и би се однесувал во одредени ситуации и колку добро знаеш да пишуваш англиски. Ако е успешно интервјуто те информираат најкасно за 2 дена. За добар дел од позициите има тренинг (за некои месец, за некои повеќе, за некои учиш од колега, сето зависно од тоа која е позицијата). Во фирмата има култура на помагање еден на друг.

Podeli svoje iskustvo