Tražite iskrene recenzije o AGILE PRO SOLUTIONS u SKOPJE? Saznajte stvarne plaće i uvjete rada u AGILE PRO SOLUTIONS. Pročitajte iskustva i recenzije zaposlenika o radu u kompaniji.
Loše stvari: HR Intervju Имав закажано интервју во 17 часот. Стигнав, бев супер пречекана од нивниот HR тим. Влегов во просторија каде дојдоа уште 5 души и имавме групно интервју. Не беше групно интервју, туку беше нивна презентација. На крајот од тоа групно интервју поставија по едно прашање лично на секого и очигледно беше дека CV-то ни го немаа ни прочитано. Откако групното интервју заврши, не известија дека во 18:30 часот еден по еден ќе идеме на онлајн интервју со некаква девојка од US, по 10тина минути и дека потоа она ќе направи евалуација на нашата експертиза и ќе добиеме offer, тие што ќе сме избрани.Tehnički intervju Од 18:30 часот, сите додека пројдовме по 10тина минути, више беше 19:30. Све ова ќе беше и можда океј, ако кога ми се јавија да закажеме интервју ме известеа дека ќе трае 2 ипол часа. Притоа, овие 10тина минути интервјуа со таа релевантна девојка од US, беа за таа да направи евалуација на експертиза според која би биле платени. Не се прави евалуација на експертиза со 3 прашања, туку со дадена задача. Притоа! Во тие три прашања и дадов до знаење дека имам 3 годишно искуство и менаџерска позиција во моето CV.
Dobre stvari: Добри страни се што менаџерот за каков и да имаш проблем ќе те ислуша и тука е да помогне за што и да треба па дури и кога не е на работа. Платата секогаш стигнува на време од временски рок од 5ти до 15ти. Што си се договорил за плата, тоа и го добиваш.
Loše stvari: Тимот во кој бев е катастрофален. Луѓето што работат таму не се професионални. Се користат со пцофки, дволични личности се, недружељубиви. Втора смена се работи и постојано некој ти виси над глава. Тим лидерите си имаат свои пријатели или миленици меѓу тимот, нормално тие што не им се миленици нема да бидат толку успешни и ќе мора да си одат од компанијата.Saveti menadžmentu Тренингот е многу лош, а тоа е така зошто немаат ништо професионално до себе. Тука е проблем на менаџментот што им верува на тим лидерите и ги пушта да си прават како нив им е полесно и како они сакаат. Друго, даваат само договори на определено време, така што немаш сигурност во компанијата. Меѓу колегите не сум чул никој да има договор на неопределено. Така што, совет од мене дека вработените немаат сигурност во компанијата. Препорака до менаџментот ако на некој му кажале дека ќе има приватно здраствено осигурување, храна или било што.. Тоа навистина да се исполни, а не да ги маткаат луѓето и да ги лажат.