Recenzije zaposlenih

Planirate li se zaposliti u Axeltra: Nearshore Software Outsourcing? Pročitajte ovu recenziju, možda će vam biti korisna person

Axeltra: Nearshore Software Outsourcing

Grad: Skopje
26.04.2024

HR Intervju

Имав класично HR интервју кадешто рекрутерката што ме контактираше на LinkedIn ме прашуваше за досегашно искуство, познавања од технологии, очекување за плата и сл. Потоа ми објасни за кој клиент е позицијата, и на крај викна еден колега кој ми го правеше техничкото интервју. Вкупно HR и техничкото интервју траеше околу еден час, не добив никаков повратен одговор дали поминувам или не. Најсмешно ми беше што истава рекрутерка после неколку месеци пак ми пишува со покана за интервју. Би препорачала да водат евиденција за кандидатите што ги викнале на интервју и најважно да им праќаат повратен одговор кога веќе имвестирале време со нив.

Tehnički intervju

Техничкото интервју не беше баш длабоко и со баш технички прашања како што замислував (обични прашања за познавања од технологии и слично). Колегата ме праша лично прашање за колкава е мојата моментална плата и искоментира како ми била доста висока (а лично сметам дека ми беше сосем просечна).

Podeli svoje iskustvo