Како почетник, тазе излезен од факултет може да изгледа како да има добра иднина. Колегијален однос е океј со фалинки.
Нема добра координација помеѓу проект менаџерот и тим лидот во однос на задавање и усогласување на тасковите. Цело време си мониториран што правиш иако не личи така. Не си ценет за твојот труд и се што си придонел. Доколку покажеш малку повеќе знаење и способност за водење проект и слично, шансите дека ќе бидеш истуркан на страна се големи. Цело време има еден миленик кој е туркан за напредок, без разлика колку знае/не знае. Канцеларискиот однос воглавно е добар, луѓето се комуникативни но многу себични.
Да ги слушаат жалбите на вработените и да пробаат да ги исполнат нивните барања.