Не беше некое многу тешко интервју и со HR, а и отпосле техничкото интервју.
Проблем имаат внатре во комуникацијата, бидејки те влечат 2-3 месеци по интервјуа, разговори, тестови, разговори со клиент и слично и на крај ти викаат дека платата што ја бараш е надвор од нивниот опсег, иако ти си им кажал какви очекувања имаш за плата уште на првиот разговор. Платата што ја нудат не е соодветна за големината на проектот што ја прикажуваат. Многу непрофесионално однесување и губење на времето на кандидатот. И да додадам дека на разговорот со клиентот кој требаше да трае 30 минути, клиентот каснеше цели 20 минути и не се ни извини за доцнењето.