Генерално во фирмата владееше пријателски однос меѓу вработените. Постоеше сериозна работна атмосфера во која вработените беа постојано зафатени со работа и паузите беа тие кои служеа за тотално опуштање по напорната работа. Во секторот во кој работев имаше несебична помош секогаш за секого, сечија работа се ценеше и секогаш кога некој имаше повеќе работа од другите таа беше рамномерно поделена.
Менаџментот работеше на принцип раздели па владеј. Тоа беше поготово видливо во односите меѓу различните сектори при што фирмата не функционираше како едно туку како секој сектор да беше посебна единица. Пречеше другарството во тимот и сплотеноста која ја имавме. На крај обидите да се растури тој тимски дух вроди со плод и од вкупно 7 колеги, 4 си заминавме во рок од еден месец.
Ценете ги паметните луѓе кои имаат свое јас, а не оние кои само климаат потврдно со главата. Секој вработен има своја улога во тимот и не пробувајте да менувате нешто што функционира иако од страна ви делува дека не е така. Обвинувајте аргументирано, а не паушално и на основа на рекла-казала. Бидете исто гласни и кога изрекување опомени и казни, но и кога фалите и наградување.