Полошо и понепрофесионално HR интервју мислам дека во мојата кариера сум немала досега ( а имам доста години работно искуство). Можам да кажам дека ова не беше интервју за да се види колку јас како кандидат имам квалификации, каква личност сум, туку беше буквален напад од нивна страна, од менаџерот за чр и нејзината колешка од тимот. За еден ден добив повратен негативен одговор дека моите квалификации не одговараат за нивните работни позиции. Ама факт е дека од едно интервју неможе да се заклучи дали кандидатот одговара за позицијата или не. Мој совет е само да не бидат толку дрски буквално на интервјуто, да бидат покултурни, и open minded повеќе. Искрено незнам по кој критериум се носат одлуките кој да се вработи, кој не, после само еден разговор, ама сум сигурна дека не е врз основа на стручноста за жал.
Корисникот нема споделено искуство за техничко интервју.