Прилично долго интервју (нешто подолго од еден час) со две регрутерки. Интервјуто се водеше во опуштена атмосвера и ми беше претставена компанијата и позицијата за која аплицирам. Разговаравме за моето работно искуство, а потоа се оценував себеси на скала од 1-5 за повеќе категории. Од кандидатот како Full-Stack Developer се очекува да извршува задачи од: front-end, back-end, software testing и dev-ops. Не ми се допадна тоа што бараат да контактираат двајца колеги од фирмата во која моментално сум вработен и со тоа ги откриваат моите планови за промена на работно место. Исто така се бара да им се достават различни документи и потврди од повеќе државни институции. За плата не сакаа да дадат опсег кој се нуди за позицијата и инсистираа да им кажам моја сума.
Добив линк со тест со 2 задачи слични на проблемите кои се решаваат на HackerRank кои треба да се решат за 1.5 час од отварањето на истите. За да го завршам ова имав рок од пет дена. По успешно решавање на тестот добив покана за онлајн техничко интервју со девелопер со кој имав краток разговор околу решението на тест задачите и за моето искуство, проектите кои сум ги работел и користените технологии.