Нема такво нешто, освен неколку ОК колеги кои едвај чекаат да ја напуштат фирмава.
Јас се пробав во QA тимот пред неколку месеци, зошто во тој момент само за QA имаше отворена позиција, демек ќе почнувале со automation testing: Тимот за QA го сочинуваат аматери од областа на ИТ. Selenium/Playwright за нив е мисловна именка. Постојат тешки приватни врски меѓу вработените кои СЕ КРИЈАТ. Сакаат да ги искористат новите вработени (нововработените работат двојно повеќе од другите), но речиси никогаш не добиваат унапредување или зголемување на платата и најчесто добиваат отказ или непродолжување на договор без објаснување (важи и за дев и за QA). Head of HR е тешко дно. Ве третира како апсолутно„ништо“, велејќи ви да си одите веднаш откако ќе се пожалите за било што (ова важи за сите јуниори, особено дев и QA) НЕМА тим билдинг (ни кажуваат дека се фокусирани на производот, но газдата вози Ламбо и по подкасти се фали дека фирмата му е 100-милионска). Го прекинуваат дури и членството на Спортмастер за своите вработени доколку некој не го користи и инсистираат да им се каже за да НЕ ПЛАЌАЛЕ за џабе. Платата е мизерна. Девелоперите, а сега најново и QA ги земаат на пракса, а после БЕЗ КРИТЕРИУМИ (најверојатно имаат договор да ги оставаат само со академии/курсеви) се бркаат пола од практикантите. Ако имате среќа ќе добиете понуда за пробна работа на минималец 2 пати по 3 месеци и после тоа ќе ве шутнат. Подалеку од преварантиве...
Ништо не ги оправа.