HR интервјуто спроведено професионално и концизно, отворени се да дадат одговор на сите прашања.
Техничкото интервју се одвиваше заедно со HR интервјуто, беше спроведено од лице кое е на повисока позиција со опширно познавање на различни технологии, поставени беа прашања поврзани со devops, cloud, microservices и некои трик прашања поврзани со тие технологии/практики, доколку се случи некаде кандидатот да заборави детали или не се сеќава на нешто не притискаат да се сетиш или чекаат да згрешиш па да земат здраво за готово, некои од прашањата беа одговорени во соработа со лицето кое го спроведува техничкото интервју, голем плус за тоа, никогаш не ме направија да се осеќам дека нешто не знам или не сум доволно добар за тоа.