HR интервјуто беше во ред. Добро ми беше претставена фирмата и продуктите на кои работат. Веднаш по интервјуто ми беше испратена задача за решавање, со најава за feedback од 2-3 недели, поради период на летни одмори.
Техничкото интервју беше класична OOP задача со неколку барања, дури и лесна за позиција за 2+ години искуство. Успешно решена, со сите барања и испратена во рок. Иако ми беше најавен одговор за дури 2 недели, добив одговор дека сум одбиен по само еден ден, без никакво објаснување зошто, така што ми создаде сомнение дали воопшто била прегледана задачата. На коментарот под овој гледам дека истово му се случило и на некој друг, така што уште повеќе сум убеден дека и јас бев случај на ghost hiring.