Колегите се супер, многу се дружељубиви и фини, ќе изградиш другарства што ќе траат и од кога ќе си заминеш.
Поради многу лесен интервју процес и низок стандард за работа, многу неискусни и несоодветни луѓе се вработуваат и бараат помош секој ден, не се самостојни. Ставање ново вработени и практиканти на проекти кај што ги лажат клиентите дека вработениот има повеќе искуство него што стварно има, лажно давајќи му на клиентот големи очекувања. Излез од компанијата со закани за тужба, мобинг, без никаква грижа за состојбата на вработениот. Специфични особи од менаџментот прават фаци и се преправаат дека се добри и фини и те сакаат се дур не најдеш подобра шанса на друго место, тогаш се скроз други личности. Незнаат кој колку работи и колку е добар, ако ти е тешко и заглавиш негде, одма ќе кажат дека не работиш.
Нема совет, големи се, сами си знаат.