Интервјуто со HR беше во ред, но не беше договорот кој го добиваш откако ќе те контактираат. Јасно е дека некои фирми едноставно сакаат да се заштитат и да ги чуваат вработените најмногу што можат, но договорот што беше понуден комплетно беше во полза на фирмата. Со тоа што во рокот колку што трае договорот од твоја страна го преќинеш треба да исплаќаш одредена сума пари на фирмата што испаѓа тотално лицемерно фирмата.
Доста голем дел од технологиите што се зборуваа на интервјуто беа поврзани со систем администратор во фирмата иако на огласот пишува дека се бара DevOps Engineer. Добив од ова осеќање дека во фирмата се работат повеќе од една работна позиција (system administrator, database administrator) а не DevOps.