Recenzije zaposlenih

Planirate li se zaposliti u X3M Labs? Pročitajte ovu recenziju, možda će vam biti korisna person

X3M Labs

Grad: Bitola
01.09.2024

HR Intervju

Интервјуто беше професионално, вработената беше љубезна и пријатна, и ми ги одговори сите прашања.

Tehnički intervju

По поднесувањето на мојата апликација и зададените задачи, добив само општ одговор дека ги разгледуваат кандидатите. Поминаа недели без никакви дополнителни информации. Овој недостаток на комуникација е непрофесионален и непочитлив кон времето и напорот што го вложив. Очекував сериозност и ефикасност, но наместо тоа, само го изгубив своето време. Комуницирав со човечки ресурси, кои ми одговорија дека процесот е во тек и дека ќе бидам информиран како и останатите кандидати. Но, по овој одговор, не добив никакви нови информации. Ова е голем пропуст од страна на компанијата и покажува дека X3M Labs не ги ценат своите апликанти и нивниот вложен труд. Сметам дека е неприфатливо една компанија која се претставува како сериозна и професионална да се однесува вака. Ова искуство беше фрустрирачко и целосно неприфатливо. Го изгубив своето време и труд залудно. Апсолутно не можам да ја препорачам оваа компанија.

Podeli svoje iskustvo